Ова е град со само еден банкомат: Го користат 8000 луѓе


Градот Амтил во Британија има вековна историја, активен пазар, а повеќето продавници во овој град работат самостојно.

Сепак, овој град нема банка. Прашањето е дали Амфтил е „зависен од готовина“ или е подготвен да стане таканаречено општество без контакт.

Не толку одамна, овде работеа две банки. Потоа, остана една, а потоа ниту една. Во моментов, има само еден банкомат што го користат дури 8000 граѓани.

Градот стана една од осумте локации во Англија што ќе учествува во иницијативата „готовина пилот“ за подобрување на пристапот до средства, пренесува BBC.

Недостатокот на банкомати е голем проблем за жителите на овој град.

„Разбирам дека многу луѓе користат бесконтактни начини на плаќање, но голем број на граѓани сè уште користат готовина. Околу 20 проценти од нашите клиенти користат пари “.

Брендон Вилсон (20) вели дека користењето готовина му помага да заштеди и му помага да не троши повеќе од потребното.

Иако владините упатства за продавници официјално не препорачуваат плаќање само со картичка, тие ја споменуваат користа од безконтактните трансакции за намалување на ризикот од пренесување на коронавирус.

Клер Вудленд, сопственик на ресторан во овој град, вели дека пред пандемијата, половина од клиентите плаќале во готово. Сепак, во првата недела по укинувањето на карантинот, само пет проценти од луѓето користеле готовина.

Најблиската банка е во Флитвик, која е оддалечена три километри.


Видете следно

Цените на скапоцените металите се зголемуваат, унца злато 2.069 долари

Лондон, 6 август 2020 (МИА) – Цената на златото денеска се искачи на ново рекордно ниво, бидејќи пандемијата …