Ова е најголемиот трговски центар во Европа


Десеткатниот Istanbul Cevahir, кој се наоѓа во Истанбул, Турција, е најголемиот трговски центар во Европа.

Вкупната изградена површина на молот е 432 илјади квадратни метри, што му дава место и меѓу 10-те најголеми трговски центри во светот.

Неговата површина е 110 илјади квадратни метри, вклучувајќи 343 продавници и ресторани на вкупно шест нивоа. Неговата изградба чинела повеќе од 250 милиони долари.

Istanbul Cevahir располага со вкупно 48 ресторани, а 34 од нив се за брза храна. Тука буквално можеме да го поминеме целиот ден, бидејќи на располагање ни се 12 кино сали, театар, детско кино, и др.

Паркингот на молот е лоциран на импресивни 71 000 квадратни метри, и може да собере до 2500 автомобили. Во Istanbul Cevahir се вработени 5000 лица и работи од 10 до 22 часот секој ден.

Првите три ката на молот се директно поврзани со метрото. Само во 2012 година молот е посетен од 30 милиони луѓе, или 2.5 милиони во просек месечно, пренесува профит.

 


Видете следно

Помпео ги пофали Гугл, Фејсбук и Твитер поради Хонгконг

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ги пофали денеска Гугл, Фејсбук и Твитер бидејќи одбиле да …