Ова е најмладата жена милијардер во светот


Едни од најуспешните и иновативни луѓе во светот, не успеваат да го завршат високото образование. Бил Гејтс и Марк Зукерберг, на пример, го напуштаат Харвардскиот универзитет, пред да дипломираат. Двајцата го прекинуваат високото образование, за да го создадат Microsoft и Facebook, соодветно. Исто како нив Стив Џобс, кој веќе не е меѓу нас, го напушта, пред да дипломира на Reed College, за да започне да ја гради империјата Apple.

Традиционалното верување ни кажува дека треба да дипломираме, за да успееме во овој свет. Овие мажи сепак успеваат да направат милијарди, ги извршуваат своите соништа, наместо да го следат стадото. И не само тоа, туку и создаваат компании кои го менуваат целосно начинот на кој живееме.

Неодамна една жена, која исто така го напуштила универзитетот, се приклучи на најиновативните милијардери и таа има едвај 30 години, велат од lady.mk. Кога во 2003 година Елизабет Холмс е 19-годишна и втора година на Универзитетот Стенфорд, таа одлучува да го прекине образованието и да создаде сопствена компанија со име Theranos. Таа сметала категорично дека парите за образованието може да бидат употребени за една поголема и великодушна цел – здравството. Таа за напуштањето на факултетот рекла „сакам да создадам целосно нова технологија, која има за цел да им помага на човештвото на секакви нивоа, независно од географијата, етничката припадност, возраста или полот.

Холмс сакала да создаде технологија која ќе олесни крвни тестови. Таа мрази игли и сакала да направи крвни тестови поедноставно, поефтино и подостапно за сите луѓе. Цела деценија, без да крева многу врева, таа работела на технологијата, која подоцна станала крвниот тест со безболно боцкање по прстот. Холмс создава хардвер и софтвер кои овозможуваат крвните тестови да се прават преку боцкање на прстот на човекот и чувањето на крвта во минијатурно шишенце – нанотејнер. Традиционалните крвни тестови обично ја вклучуваат распределбата на крвта во различни контејнери и испратени во различни лаборатории. Тоа понекогаш трае недели и создава доста можности за грешка. Новите тестови може да се прават во аптека, без да се оди на лекар или во крвна лабораторија, а резултатите се подготвени само по околу четири часа. И нешто повеќе, истата капка крв може да биде користена за повеќекратни тестови со оваа технологија.

Компанијата на Холмс, Theranos во моментов се проценува на 9 милијарди долари. Таа поседува 50% од неа, а нејзината состојба изнесува 4,5 милијарди долари, што ја прави најмладата жена милијардер и трет млад милијардер во објавеното рангирање на 400-те најбогати Американци, според Forbs.

Таа исто така е најмладата жена милијардер, која не наследила пари. Холмс сепак не создава компанија, за да се збогатi. Таа навистина сакала да го промени светот и тврди дека компанијата успеала да направи промена во животот на поединецот.

 


Видете следно

Шахпаска: Вкупно 79,5 милиони евра за финансиска поддршка за вработените во компаниите

Скопје, 25 септември 2020 (МИА) – Вкупно 79,5 милиони евра за мерката финансиска поддршка од …