Ова се новите цени на горивата од денес


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,42%, во однос одлуката од 5.10.2020 година.

Од вечерва на полноќ малопродажните цени ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за 0,50 денар/литар.

Од денес 14.10.2020 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 59,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 61,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 50,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 50,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 26,863 (денари/килограм)

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,895 ден/кг и изнесува 26,863 ден/кг.

 


Видете следно

Доларот најслаб од 2018 година: Американската валута ослабе и во однос на еврото

На девизните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата со валути падна на најниско …