Ова се новите цени на горивата од полноќ


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,94 % во однос на Одлуката од 10.1.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 денари/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари/литар.


Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,103 денар/килограм и сега ќе изнесува 42,827 ден/кг.

Од 18.1.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:


Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 42,827 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 3,166 %, кај дизелот за 5,266 % , кај екстра лесното масло за 5,419 % и кај мазутот за 3,778 %.



Видете следно

МТСП: Во тек е етапната исплата на јунските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.06.2022 год. (вторник) започнува етапната …