Ова се новите цени на горивата од утре


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,95% во однос на одлуката од 26.10.2020 година.

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 денар/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 денар/литар во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 26.10.2020 година.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,107 ден/кг и ќе изнесува 25,831 ден/кг.

Од 3.11.2020 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 58,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 60,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 49,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 49,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 25,831 (денари/килограм)


Видете следно

СДСМ: Капитални инвстиции во 2021 со 23 милијарди денари

СДСМ годинава продолжува со инвестициите во инфраструктурата, во капиталните проекти, кои се гарант за рестарт …