Ова се новите цени на нафтата од полноќ


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,39% во однос одлуката од 19.10.2020 година.

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 денар/литар во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 19.10.2020 година. 

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) останува на исто ниво, односно не се менува.

Од 27.10.2020 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин                       ЕУРОСУПЕР БС – 95                            58,50 (денари/литар)

Моторен бензин                      ЕУРОСУПЕР БС -98                             60,50 (денари/литар)

Дизел гориво                           ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                       50,50 (денари/литар)

Масло за горење                      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               50,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                                                                      26,938 (денари/килограм)

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,184 ден/кг и ќе изнесува 26,938 ден/кг.  

 Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи бележат намалување: бензинот за 2,374%, дизелот за 1,499% и намалување е регистрирано на екстра лесното масло за 2,364%, додека на мазутот има зголемување од 1,468%  .


Видете следно

Се воведува редовна авиолинија Скопје-Киев

На релацијата Скопје-Киев од 6 декември (недела) се воведува редовна авиолинија. Новите летови, што се …