Ова сигурно е најстрашната фотографија на сите времиња


Има еден милион причини да го посетите Рио де Жанеиро, Бразил, вклучувајќи го и фактот дека плажите се магиски, а ноќниот живот е од светска класа. Но, сега сме на пат да научиме за Pedra da Gavea – планина, на околу 841 метри над брановите на Јужниот Атлантик, која дефинитивно е знаменитост од сосема друг вид.

Таа е позиционирана во прекрасниот Parque Nacional da Tijuca – пространа прашума крај Рио. Оддалеку Pedra da Gavea личи на човечко лице. Додека некои сметаат дека античките луѓе го врежале во карпа, повеќето научници и геолози тврдат дека “лицето” е само резултат на ерозија.

rio1

Од врвот на планината се открива панорамски поглед на националниот парк, океанот и градот подолу, но ќе треба доста да се потрудите за да стигнете таму. За да се оствари ова патување, може да ви помогне туроператорската фирма, а качувањето трае околу 3 часа во еден правец. Ова е дефинитивно еден марш, кој вреди. Главниот совет до туристите е: бидете многу внимателни.

rio2



Видете следно

Наставник од селото Чегране осомничен за полов напад врз ученичка на возраст од 9 години

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое …