Оваа година Грција ќе забележи рекорден број на туристи


Туроператорите во Грција се задоволни од приливот на туристи за Велигден, бидејќи податоците покажуваат дека повеќето хотелски комплекси во земјата се преполни, пишува весникот ” Катимерини”.

За Велигден резервациите се зголемија во споредба со минатата година. Островот Крф се наведува како најпопуларна дестинација за празникот, каде вработувањето на хотелите достигна 90 проценти.

Други такви дестинации се Портарија, Волос, Миконос, Тира, Санторини, Кефалонија, Наксос, Арахова и други. Од индустријата се категорични дека туризмот во Грција е во подем. Секторот обезбедува 17 проценти од бруто домашниот производ на земјата.

Оваа година Грција се надева на нов рекорден број туристи, кои се очекува да достигнат 18,5 милиони луѓе. Агенцијата Блумберг предвидува од неодамна дека европските туристи се враќаат во земјата, која шест години е во рецесија.


Видете следно

Царовска на работен состанок со граѓанските организации: Заеднички ќе работиме на реформи за инклузивно и современо образование

Министерката за образование и наука Мила Царовска денес одржа работен состанок со претставници на над …