Овој човек прави по 4 милиони долари годишно од YouTube


Феликс Келберг, шведскиот YouTube феномен повеќе познат како PewDiePie, заработува околу 4 милиони долари годишно од продажба на реклами, според Wall Street Journal.

Поголем дел од приходите на Келберг имаат чист профит, и доаѓа од зачленетите 27.8 милиони луѓе на неговиот YouTube канал. Минатата година каналот на Келберг PewDiePie стана најмногу гледан онлајн видео сервис на Google, при што ги претекна One Direction и Miley Cyrus.

Од минатиот јули наваму, тој тројно го зголеми бројот на претплатници. Келберг е познат најмногу по тоа што пушта видеа во кои игра одредени видео игри додека раскажува на гледачите. Тој го создал каналот во август 2009 година.

PewDiePie е партнер на Maker studios, која беше купена од Walt Disney во март во вредност од скоро 1 милијарда долари.

Келберг учел во колеџ во Гетеборг, и во одредена фаза од животот бил продавач на хотдогот, пред да го почне бизнисот.

Најпопуларното видео во неговиот канал носи име „A Funny Montage” има над 51 милиони прегледи од 4 јуни 2013.



Видете следно

Одржана 35-тата седница на Советот на Општина Центар

Советот на Општина Центар, вчера ја одржа редовната 35-та седница. Од 23-те точки на Дневниот …