Овој човек речиси стана шеф на Apple, Google и Yahoo


Не многу луѓе можат да се пофалат со искуството на Џо Костело во неговата долга кариера. Пред да биде назначен за извршен директор на Enlighted која свртела 55 милиони долари финансирање досега, тој е многу поголема фигура во технолошкиот сектор. Тој е извршен директор на софтверската компанија Cadence Design Systems во текот на речиси една деценија – до 1997 година.

Во моментов Cadence има над 5 700 вработени и пазарна капитализација од над 5 милијарди долари. Пред Enlighted тој е извршен директор на Orb Networks, која минатата година беше купена од Qualcomm.

Костело, исто така е прогласен за најдобар извршен директор во САД во 1997 година од Chief Executive Magazine. Сосема спокојно би можело да се каже дека Костело имал успешна кариера. Во 1997 година, откако го напушта Cadence, вршителот на должноста извршен директор на Apple, Стив Џобс му се јавува за интервју. Двајцата зборуваат неколку часа, но нивниот разговор во крајна линија доведува само до тоа дека Џобс сфаќа дека самиот тој сака да биде главен извршен директор на Apple.

Потоа Костело се приклучува на новоформираната компанија по име Knowledge Universe, зад која стојат Мајкл Милкен, познатиот “крал на џанк обврзниците” и шефот на Oracle Лари Елисон. Овој период во кариерата на Костело не трае многу долго и тој заминува три месеци подоцна. Во 2000та година креаторите на Google, Лари Пејџ и Сергеј Брин одржуваат интервју со Костело за функцијата извршен директор, иако на крајот тоа оди во рацете на Ерик Шмид.

“Google беше навистина одлична компанија, но веќе бев обврзан кон друга компанија и мораше да го одам,” мислејќи на компанијата think3, споделува Костело пред Business Insider.

Неколку години подоцна Костело добива уште една шанса да предводи голема технолошка компанија. Овој пат тоа е Yahoo. Тој се јавува на интервју со основачот на Yahoo, Џери Јанг и Мајк Мориц од Sequoia Capital. Во тоа време, сепак, Yahoo е во процес на трансформација во медиумска компанија и се решава за Warner Brothers. На прашањето дали жали за сите оние пропуштени можности и најмногу за тоа да се откаже на Google, Костело вели: Не. “Ако преземеш посветеност кон некого, треба тоа да се почитува”, вели Костело.

“Очигледно тоа ќе беше одлично и веројатно би заработил повеќе пари, ако се придружев на Google. Сепак, треба да земаш одлуки кои ти се чинат точни и да се држиш до своите принципи.”

Во моментов за 60-годишниот Костело нова можност е “Интернет на нештата”, каде неговата сегашна компанија Enlighted привлекува доста внимание. Сензорската технологија на Enlighted овозможува на некоја зграда да ги следи како луѓето ги користат канцелариите. Врз основа на собраните податоци системот исто така дава насоки за тоа како да се користи канцеларискиот простор најефикасно. Системот на Enlighted во моментов покрива над 2,7 милиони квадратни метри трговски простор, a во долгата листа на клиенти се компаниите како Google, Linkedin и HP. Според Костело пазарот на интернет на нештата само кај трговските простори ќе биде во вредност од милијарди долари. “Ова е најголемата пазарна можност, до која сум се приближил”, вели Костело. ”

 


Видете следно

Калифорнија бара повлекување на вакцината на Модерна

Одделот за јавно здравје во Калифорнија бара да се повлечат вакцините на „Модерна” против коронавирус …