Овој град во Македонија после Скопје има најмногу активни случаи на заболени од корона вирус


Вчера беа регистрирани нови 62 случаја на КОВИД-19, во Скопје 24, во Куманово 2, во Штип 14, во Тетово 12, во Струга 4, во Велес, Кочани и Валандово по еден, како и во Гостивар 3. Во ГОБ „8 септември” почина пациент од Струга (60) примен на 22 мај, а евидентиран е и пациент од Гостивар (64) примен и починат во гостиварската болница на 29 мај, за кој тестот покажа позитивен резултат.

Како што соопшти Министерството за здравство, направени се 771 тестирање, а Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти во Скопје 5, во Тетово 9 и по еден во Куманово, Битола и Гостивар.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2226, бројката на оздравени пациенти е 1552, на починати е 133, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 541.

Скопје е моментално градот со најмногу активни случаи 267, а Тетово е градот после Скопје кој има најмногу активни случаи во нашата држава. Тетово вчера регистрираше 78 активни случаи и сега бројот на заболени од корона вирус изнесува 210.

Последната дистрибуција по градови е следната:
• Скопје – 841, активни 267
• Куманово – 455, активни 45
• Дебар – 51, активни 0
• Штип – 76, активни 41
• Прилеп –211, активни 41
• Тетово – 210, активни 78
• Струга – 84, активни 14
• Велес – 130, активни 30
• Битола –28, активни 3
• Охрид –23, активни 6
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар –26, активни 6
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 3, активни 1
• Крива Паланка- 6, активни 0
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 33, активни 2
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 3, активни 1
• Неготино -12, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево- 3, активни 0
• Делчево-1, активни 0
• Валандово -2, активни 1
• Виница – 3, активни 1
• Кратово-2, активни 0
• Берово-1, активни 0
• Свети Николе-1, активни 1.

Скопје, 31 мај 2020 (МИА)


Видете следно

Апасиев: Левица е оштетена за околу 10 илјади гласа, украдени ни се тројца пратеници

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, на прес-конференција рече дека се сомневаат дека партијата по вчерашните …