Овој викенд ќе се пее на „ПОТОЧИЊА 2022“!


Во овој јунски долгоочекуван викенд, детските чекорчиња ќе брзаат кон Филхармонија, со желба да уживаат и пеат заедно со Поки и дечињата на новото издание на најомилениот детски фестивал во Македонија, – „ПОТОЧИЊА 2022“.


Од организацијата на „Поточиња“ информираат дека на денот на секоја од претставите, – и во сабота и во недела, освен преку МК ТИКЕТС, карти ќе можат да се купат и на билетарата на Филхармонија.

Додека се одбројуваат минутите до претставите, дечињата можат во меѓувреме да уживаат во новите рефрени на „Поточиња“:


https://www.youtube.com/watch?v=UkZMsvkznHk.

Билетите секако се сè уште во продажба преку продажната мрежа на МК ТИКЕТС, како и онлајн: https://www.karti.com.mk/potocinja-2022.nspx и https://mktickets.mk/event/potocinja18/, а истите брзо се распродаваат. „Поточиња 2022„ ќе се одржи во три различни термини, односно, – на 18.06.2022 (сабота) и 19.06.2022 (недела), и тоа со почеток во 11:00 часот, 13:00 часот и 19:00 часот.

Овој викенд несомнено ќе биде исполнет со детски џагор и мелодијата на новите хитови на „Поточиња“! Време е за песна и безбројни детски насмевки!



Видете следно

Користете медицинска заштита од сонце со минерални филтри кои ги одбиваат штетните УВ зраци!

Сонцето го подобрува нашето расположение, ја подобрува циркулацијата, метаболизмот на нашето тело, продукцијата на витаминот …