Пад на индустриското производство во ЕУ


Индустриското производство во еврозоната забележа пад од 1,1 % во октомври во споредба со претходниот месец. Европската унија исто така забележа пад од 0,7 % во однос на септември, покажуваат податоците на Евростат.

На годишна основа во монетарната унија има зголемување од 0,2% во споредба со октомври во 2012 година, а во целиот ЕУ – 0,8%.

Падот е најголем во Ирска -11, 6 % . Следат Малта -7, 4% , Холандија -3, 5%.

На месечно ниво како во еврозоната, така и во целата ЕУ, регистриран е пад кај сите компоненти на индустриското производство, вклучувајќи енергија, долготрајни и недолготрајни стоки за широка потрошувачка, полупроизводи и капитални стоки.

Најголем е падот кај енергијата 4% во еврозоната и 2,7 % во ЕУ -28 во однос на септември.


Видете следно

НБРМ: Денарот е и ќе остане стабилен – нема промени на нивото на неговиот девизен курс

Имајќи предвид дека во некои медиуми и на социјалните мрежи има објави во коишто се …