Пад на невработеноста во Турција


Стапката на невработеност во Турција падна на 12,7% од 13,4% во октомври 2019 година. Нивото на неземјоделска невработеност падна за 0,9 поени на 14,8%, според официјалната турска статистика.

Бројот на невработени граѓани на возраст од 15 и повеќе години се намали за 391 илјади на 4,5 милиони во октомври 2020 година во споредба со истиот месец од претходната година.

Во исто време, бројот на вработени лица во земјата се намали за 896 илјади на 27,444 милиони во октомври 2020 година во споредба со истиот период од претходната година, бидејќи стапката на вработеност достигна 43,6%, што е намалување за 2,3 процентни поени во споредба со октомври 2019 година.

Во овој период, бројот на вработувања во земјоделството се намалил за 242 илјади лица, во индустријата за 82 илјади лица и во услугите за 684 илјади, додека вработеноста во градежништвото се зголемила за 110 илјади лица.

Според распределбата на вработувањето по сектори, 17,6% биле вработени во октомври 2020 година во земјоделството, 20,3% во индустријата, 6,4% во градежништвото и 55,7% во услужниот сектор.

Невработеноста кај младите во Турција (за работници на возраст од 15-24 години) се намали на 24,9% во октомври минатата година од 25,3% една година порано, но стапката на вработување кај младите паднала за 2,2 процентни поени на 30, 6%.


Видете следно

Во Масачусетс расипани околу 2.000 вакцини на Модерна поради исклучен фрижидер

Речиси 2.000 дози од вакцината против коронавирус на „Модерна” се расипаа во болницата во Бостон, …