Пад на профитот на Bank Austria


Bank Austria објави дека чистата добивка е намалена за 29%, односно до 285 милиони евра (370 милиони долари) во првиот квартал.

Издвоените средства за покривање на лошите кредити се зголемија за 32% до 240 милиони евра на источноевропските пазари кои водечката австриска банка ги управува за италијанската мајка UniCredit.

Резултатите за првиот квартал бележат пад и поради позитивниот еднократен ефект од продажбата на обврзници, забележан во истиот период минатата година. Bank Austria соопшти дека ќе го намали бизнисот во балтичките земји.

Банката е во процес на продажба на казахстанските операции и планира да ги спои чешките и словачките гранки оваа година. UniCredit, која е најголемата италијанска банка, забележа нето профит од 449 милиони евра за првиот квартал.


Видете следно

Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек“ добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2019 година

„Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек” е добитникот на годинашната награда „Браќа Миладиновци”, која ја доделува …