Пад на цената на златото


Златото за итна испорака поевтине за 0,6 % и се тргуваше за 1 248,90 долари за унца во 11:33 на берзата во Сингапур, јави ” Блумберг “.

Златото со испорака во април се тргуваше речиси без промена за 1 253,10 долари за унца на берзата во Њујорк.

“Цената на златото е под притисок во моментов, бидејќи инвеститорите се во очекување на претстојниот состанок на ФЕД”, изјави Џејмс Стил, аналитичар во HSBC Securities во САД .

Среброто ja намали својата вредност за 0,1 % и достигна до 19,5636 долари за унца. Платината и паладиумот се тргуваа речиси без промена, односно за 1 410,38 и 716,55 долари за унца.


Видете следно

Постапки против 20 лица во Битола заради прекршување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Битола денеска до Основниот суд Битола поднесе предлози за определување казнени налози …