Пад на турската лира во однос на еврото и доларот


Турската лира во однос на доларот и еврото ја започна неделава со пад поради тековните активности на Турција во Сирија. Во 12:30 часот падот беше 0,7% во однос на доларот и 0,5% во однос на еврото.

Причината за падот е стравот на инвеститорите дека континуираната акција на Турција во Сирија на крајот може да воведе санкции на САД врз неа. Анкара ги продолжува напорите за создавање т.н. безбедна зона на Северна Сирија.

Засега владее прекин на огнот, кој Курдите го користат за да остават клучен град на турско-сириската граница.

Поради санкциите што ги објавија САД за офанзивата на Турција во Сирија и заканата од нови економски ограничувања, турската валута падна за вкупно околу 3% од почетокот на месецот досега.


Видете следно

Средба на претседателот Пендаровски со министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Хајко Мас

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, вчера го прими министерот за надворешни работи на …