Падот на Samsung


На технолошкиот пазар често се случува да излезе нов популарен производ, кој со текот на времето ќе се умножи со толку многу варијанти и радиодифузери што на крајот единствената разлика помеѓу различните модели е цената. Кога тоа ќе се случи, помалите играчи си прават пат на пазарот со користење на евтин хардвер, а големите се обидуваат да ја зголемат продажбата, фокусирајќи се на луксузниот сегмент, пишува онлајн изданието Techcrunch.com.

Во моментов ова се случува со паметните телефони, како LG и HTC кои веќе ги доживуваат ефектите. А следниот голем учесник на пазарот кој ќе тргне надолу, е Samsung.

Samsung се врза со Google и не може да се тргне од овој сојуз. Но, репутацијата на Android како отворена и добредојдена платформа беше урната од безброј примери на неприфатливо однесување од страна на Google. Токму како Dell и HP, Samsung е врзан со софтверски партнер кој нема потреба од јужнокорејската компанија за да се презентира успешно.

Samsung има и доста сериозна конкуренција – од евтини апарати кои работат со Android, до поволни предлози на Huawei и Lenovo. Во Кина Samsung губи од Xiaomi, но и смартфонот RedMi кои полека го зазема пазарниот удел на Samsung. Речиси една четвртина од корисниците на Xiaomi се поранешни клиенти на Samsung.

Со други зборови Samsung треба да се натпреварува со сите, за разлика од Apple, која со својата ограничена линија и слаба пенетрација на пазарот, но вселенски профит, се натпреварува само со себе.

Сите овие фактори веќе се одразуваат на приходите на Samsung. Продажбата веќе оди надолу со меѓу 9 и 11 отсто, а приходите се намалија со 24%. Новиот Galaxy S5 требаше да биде круната на подемот на приходите, но сега се наоѓа во основата.

Лојалност кон одредена марка се постигнува тешко кога меѓу разликата помеѓу многуте на број варијанти на една стока се минимални, коментира аналитичарот на пазарот на технологии Бен Томпсон.

“Главниот проблем на Samsung е дека нема флексибилност што се однесува до софтверот, што значи дека на долг рок тоа може да се потпира единствено на цената за да бидат конкурентни. Можеби треба да побараат совет од Dell или HP за тоа. Излегува дека смартфоните не се разликуваат од персоналните компјутери – производителот на хардвер со свој оперативен систем доминира на пазарот, додека сите други се јадат едни со други, а најголем профит оди кај сопственикот на софтверот”, забележува тој.



Видете следно

ФИТР препознаен како успешен модел – поднесена иницијатива да се преслика на регионално ниво

Фондот за иновации и технолошки развој на РСМ е препознаен како успешен пример во студијата …