Пакомак донираше контејнери и камион за собирање отпад на општина Тетово


Cо цел систематско решавање на управувањето со отпадот во Тетово, компанијата Пакомак денес ѝ даде како донација на општина Тетово еден камион за чистење и собирање отпад и 20 контејнери за селективно собирање пластика и лименки. По тој повод, г-дин Филип Ивановски, извршен директор на Пакомак, денес во просториите на јавното претпријатие Комунална Хигиена во Тетово, свечено им ги предаде клучевите од возилото и контејнерите на Градоначалничката на Тетово г-ѓа Теута Арифи и директорот на ЈКП Џелал Цека, кои општина Тетово ќе може да ги користи за свои потреби.

Станува збор за почеток на соработка меѓу компанијата Пакомак и општина Тетово, со цел поефикасно менаџирање со отпадот во Тетово, проблем што изминатите години беше на врвот на листата на проблеми со кои се соочуваат граѓаните.

„Како општествено одговорна компанија, која има професионална обврска ефикасно да го менаџира амбалажниот отпад, сметаме дека сите ние треба да придонесуваме кон поголема хигиена и еколошко однесување. Здравјето на граѓаните, посебно создавањето на здрава и чиста околина за нашите деца е и наша морална обврска. Оваа донација делумно ќе придонесе кон подобрување на состојбите во овој регион, но се надеваме дека ќе биде и силен поттик и за останатите општествено одговорни субјекти да се приклучат кон решавањето на овој проблем. Се надеваме дека оваа соработка ќе се продлабочи и дека ќе оствариме соработка и со училиштата во Тетово, како и дека целокупниот процес на селективно фрлање на оптпадот и негова рециклажа ќе биде на повисоко ниво во овој регионˮ- изјави Филип Ивановски, главен извршен директор на Пакомак.

„Многу сме задоволни од почнатата соработка со компанијата Пакомак и нивната донација во комунална опрема. Градот Тетово со години наназад се соочува со проблемот на недостиг од инфраструктура за решавање на создадениот комунален отпад, што резултираше со создавање на опасни диви депонии. Се надеваме оваа донација ќе доведе до подобро систематско управување со отпадот и организација и ефикасност на терен од страна на нашите служби. Добивме дваесет контејнери за амбалажен отпад и еден квалитетен и високо ефективен камион за собирање отпад, кои се надеваме долго време ќе ги користиме, и ќе ни помогнат во секојдневната работаˮ, изјави Градоначалничката на Тетово г-ѓа Теута Арифи.


Видете следно

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ КУПИ КУЌА КУПИ СТАН

Градежната комора на  Македонија го поддржува проектoт  Купи куќа купи стан од самиот почеток на неговата …