Пандов: Фросина Ременски е главниот изнудувач на парите, а Боки е само гласникот (детето) продавачот на проектот


„Екс партиската потпретседателка Фросина Ременски е избрана како пратеник во Собранието на Република Македонија од листата на СДСМ во втората изборна единица. За оние кои не знаат да појаснам, таа изборна единица опфаќа неколку скопски општини и градот Куманово.

Како што сите разбравме актуелната потпретседателка на Собранието на Македонија, како мерки на претпазливост, покрај тоа што и е одземен пасошот, треба секој понеделник да се пријавува во суд и она што најмногу боде очи, не смее да го напушта градот Скопје, кажи речи да не излага од дома!

Тоа во превод значи дека Фрики нема да биде во можност да си ги извршува своите редовни работни обврски, а тоа е средби на пратеникот со граѓаните во нивните изборни единици.
Прва беше да ја поздрави оставката на колегата Павле, кој со полчето за незје е мало бебе. По денешниот арогантен настап и држење предавање на новинарите и медиумите за добро однесување, а притоа одбивање да прифати вина за нејзиното насилничко и мафијашко рекетирање на бизнисмени за 1.000.000 еура, е јасен сигнал дека оваа нема грам образ и морал, па со самото тоа ни намера самата да поднесе оставка.

Во 90-те години на минатиот век, во Белград крупни момци продаваа цигла за 100 марки. Поточно некое детенце ќе дотрчаше до вас со непристоен предлог да ја купите, а батки седеа на страна и го набљудуваа купопродажниот процес, како гаранти за квалитетот на циглата! Сиромашките жртви во страв да не бидат тепани не ретко и ги купуваа.
Замислите ситуација во која Ременски со Боки Тредичи ви доаѓаат во канцеларија и оваа вооружена со функциите, од позиција на сила и моќ, со маж началник во УДБ, онака намуртена ви нуди некој глуп проект (цигла), за кој на прва ви е јасно дека нема никаква бизнис логика да влегувате во него, вие под закана за кривичен прогон сепак сте принудени да дадете пари и го подржите!

Гледано по командна одговорност, крупниот момак во оваа срамна и несреќна приказна е Фросина Ременски и таа е главниот изнудувач на парите, а Боки е само гласникот (детето), продавачот на проектот. Без нејзе застаната позади неговиот грб, Сиљан и градежникот од Струга, на клоци ќе го избркале Боки со се прокетот.

Од тука кога јасно е лоцирана нејзината кривична одговорност, зачудува зошто од оваа рекетарка Заев јавно и јасно не се огради и не побара во име на СДСМ и граѓаните кои тие ги застапуваат ОСТАВКА од функциите во Собрание!“

Facebook статус: Александар Пандов



Видете следно

Одржана 35-тата седница на Советот на Општина Центар

Советот на Општина Центар, вчера ја одржа редовната 35-та седница. Од 23-те точки на Дневниот …