Breaking News

Панел-дискусија „Регионалните иницијативи и европската интеграција“


По повод Денот на македонската дипломатија – 29 Април, денеска во Министерството за надворешни работи ќе се одржи панел-дискусија на тема „Регионалните иницијативи и европската интеграција“, која е во организација на Дипломатскиот клуб – Скопје и Универзитетот Американ колеџ Скопје (УАКС).


Како што информираат од УАКС, воведно обраќање ќе има претседателот на државата Стево Пендаровски, а ќе учествуваат амбасадорот на Европската унија Дејвид Гир, заменик-министерката за надворешни работи Фатмире Исаки, извршниот директор на Стопанската комора на Северна Македонија Антони Пешев, генералниот секретар на Инвестицискиот форум на коморите од Западен Балкан Татјана Штерјова Душковска и амбасадорот Јован Теговски.


Организаторите посочуваат дела панелот се одржува како дел од серија настани што се предвидени со Меморандумот за соработка, кој деновиве го потпишаа Универзитетот Американ колеџ Скопје и Дипломатскиот клуб – Скопје. фф/сп/

Фото: МИА Архива


Скопје, 27 април 2023 (МИА)