Паркинг службата од Кавадарци лани блокирала 1.278 погрешно паркирани, ,,пајакот” однел 335 возила


Службата за блокирање на непрописно паркирани возила при ЈП ,,Паркинг” Кавадарци поставила 1.278 блокатори-шепи на погрешно паркирани возила во текот на минатата година, а пајак службата подигнала и отстранила 335 возила.

Директорот на јавното претпријатие, Јордан Настов изјави за МИА дека правилното паркирање придонесува за посредено и побезбедно Кавадарци. Тој ги повика кавадарчани и тиквешани, да ги почитуваат правилата за зонско паркирање и да паркираат соодветно на прописите, за да избегнат санкционирање.


Казната која се плаќа поради непрописно паркирање изнесува илјада денари. Доколку пајак службата однесе погрешно паркирано возило, за да си го земе, сопственикот треба да плати плус 1.500 денари.
свд/дма/

Кавадарци, 15 јануари 2022 (МИА)



Видете следно

Утринските температури во цела држава под нула

Во целата држава утринава температурите се под нула. Најстудено е во Берово каде се измерени …