Партиите прогласија победа, додека ДИК сукцесивно објавува резултати од изборите


Првиот круг од локалните избори заврши. Додека Државната изборна комисија сукцесивно ги објавува резултатите на својата веб страница, партиите и од власта и од опозицијата прогласија победа.

На Бихаќка, во седиштето на СДСМ, прес конференции одржа и генералниот секретар и шеф на изборниот штаб Љупчо Николовски. Веднаш по затварањето на избирачките места прогласи „сигурна победа“.


Во седиштето на ВМРО – ДПМНЕ, сипматизерите и активистите почнаа да се собираат на платото пред влезот. Тие славеа победи во 25 општини, во неколку и целосни, со завршени избори уште во првиот круг.

Колку избирачи излегле на гласање на локалните избори во Северна Македонија и натаму не се знае точно. На страницата на Државната изборна комисија изутринава сѐ уште може да се видат податоците за излезноста на изборите до 18:30 часот.



Видете следно

Ковачевски: Членовите на СДСМ ќе бидат одговорни да ја оценат работата на идното партиско раководство

Актуелниот кандидат за претседател на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски пред членството на партијата во општина …