Пазарот за мобилни бизнис апликации ќе достигне 50 милијарди долари до 2017


Над 200 милиони луѓе во светот ќе користат апликации за работа оваа година, покажа истражување на Strategy Analytics

Мобилните бизнис апликации, кои ja стимулираат соработката и продуктивноста во работата, стануваат се повеќе популарни. Нивниот пазар во 2012 достигна 25 милијарди долари, се наведува во студија на истражувачката компанија Strategy Analytics, пренесува Mashable.


Прогнозата на експертите е до 2017 тој да се зголеми двојно до речиси 50 милијарди долари.

IBM влегува на пазарот за веб бизнис апликации со стекнувањето на Kinexa. “Економијата на апликациите” создала 500 илјади работни места. Очекувањата на аналитичарите се над 200 милиони луѓе во светот да користат мобилни апликации за својата работа во 2013.


“Вработените се повеќе треба да бидат продуктивни и додека се надвор, што го објаснува ширењето на пазарот на мобилни бизнис апликации”, коментира експерт од Strategy Analytics.


Видете следно

Учениците на продолжен распуст, УНИЦЕФ повика затворањето на училиштата да биде привремена мерка

Околу 255 илјади ученици наместо утре, во училишните клупи ќе се вратат на 1 февруари …