Пендаровски: Изборот во вториот круг ќе биде полесен, едвај чекам да се фатам со работа


Кандидатот на СДСМ Стево Пендаровки синоќа по пребројувањето на гласањето се заблагодари на подршката на изборите.

„Благодарам пред се за мнозинската подршка што ми ја да дадовте мене и на овој концепт заедно напред уште во првиот изборен круг. Јасно е мнозинската подршка е од граѓаните македонци, албанци, турци, срби, бошњаци, власи, роми и други. Вечер во првиот круг води концептот „заедно“, кој ќе победи и на вториот круг претседателски збори на 5ти мај“, изјави Пендаровски на пред конференцијата.

Денешното гласање помина во демократски дух очекувам така да продолжиме на 5ти мај. Едвај чекам да се фатам со работа на патот кон евро-атлантска и економска развиена Република Северна Македонија. Изборот во вториот круг ќе биде полесен. Разликата помеѓу мене и Гордана Силјановска е огромна. Верувам дека тоа ќе придонесе кон поголема решителност кон концептот „Заедно напред“, порача Пендаровски.


Видете следно

Претседателот Пендаровски прими делегација на Вооружените сили на Република Бугарија, предводена од началникот на Генералштабот, генерал Андреј Боцев

 Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска се сретна со делегација на Вооружените сили …