Пет работи што треба да ги знаете за Alibaba


Кинескиот гигант за интернет трговија Alibaba ќе се појави на берзата во САД следната недела. Последните проценки на компанијата се меѓу 153 и 200 милијарди долари, а тоа може да ја претвори во најголема технолошка компанија во историјата. Од CNBC ни нудат 5 љубопитни факти за Alibaba.

1 . Со што точно се занимава Alibaba ? Замислете услуги кои ги комбинираат Amazon.com, eBay и Paypal. Корисниците користат Alibaba, за да купуваат онлајн, да ги продаваат непотребните стоки и да прават онлајн плаќања. Сето ова се остварува само преку два сајтови – Taobao и Tmall. Двата сајтови се толку популарни што генерираат половина од испораките во Кина. Според податоците на WSJ, продажбата за 2012 година е во вредност од 163 милијарди долари, што е повеќе од Amazon и eBay, земени заедно. Една година подоцна продажбата достигнува 240 милијарди долари.

2 . Alibaba е навистина голема компанија Alibaba е најголемата интернет компанија во Кина, располага со канцеларии во САД, Велика Британија, Индија, Јапонија и др. Интернет корисниците во Кина се 560 милиони луѓе, што е два пати повеќе од оние во САД. Кинеските потрошувачи трошат по 20 часа онлајн неделно.

3 . Alibaba е профитабилна компанија За четвртиот квартал на 2013 година Alibaba имаше нето добивка од 1,36 милијарди долари, која порасна со 110 % во однос на една година порано. Основачот на компанијата Џек Ма е рангиран на осмата позиција меѓу најбогатите Кинези и на 122 -та позиција во светот, со богатство кое се проценува на 10 милијарди долари.

4. Позајмување и мобилни порамнувања Услугата Alipay е одговорна за 70 отсто од мобилните порамнувања во Кина. Неодамна Alibaba влегува и во бизнисот со заеми и обезбедување до 8.000 долари на клиентите. Само за 2012 година доделените кредити се над 600 милиони долари, додека за 2013 година тие достигнуваат 2 милијарди долари. Нивото на лоши заеми е само 2%.

5 . Ова е само почеток Само за 2013 година компанијата постигнала превземања за над 3,5 милијарди долари. Иако Alibaba е концентрирана во Азија, новата цел на компанијата е САД. Пред околу еден месец Alibaba купи удел во апликацијата за пораки и бесплатни разговори Tango за 215 милиони долари.

 


Видете следно

Неколку факти кои покажуваат колку е навистина богат Марк Цукерберг

Нето-вредноста на Марк Закерберг падна за скоро 10 милијарди американски долари за само една недела …