Breaking News

Пет работници погинаа во фабрика за експлозиви во Анкара


Пет работници загинаа во експлозија во фабрика за ракети и експлозиви во предградието на Анкара, соопшти турското Министерство за одбрана.


До експлозијата дошло рано утринава во областа Елмадаг, на периферијата на Анкара. Причината за експлозијата се уште не е позната. сд/фото: Анадолија  .


Извор: МИА