Пет земји во кои беше забрането славењето на Валентајн


Додека ширум светот се славеше денот на вљубените, во многу земји каде католицизмот не е доминантна религија, вклучувајќи ја и нашата земја, се дебатираше околу тоа дали би требало да се слави овој празник. Во неколку земји пак дебата на оваа тема е излишна бидејќи донесени се ригорозни правни мерки. Така, во Саудиска Арабија, Иран, Малезија, Узбекистан и во една провинција на Русија, забрането е славењето на католичкиот светец на љубовта, Св. Валентајн.

5 земји во кои беше забрането славењето на Валентајн

Во земјите на Блискиот Исток, како Саудиска Арабија и Иран забрането е прославување на денот на вљубените поради тоа што се слави животот на христијански светец во средина каде Исламот е домнантна религија и поради ставот дека тоа го поддржува односот меѓу невенчани маж и жена, што за тие краишта претставува неморален чин.

Исто така се наведува и тоа дека Валентајн е симбол на културата на луѓето кои “ги понижуваат и убиваат нашите браќа и сестри”. Поради наведените причини на газдите на продавниците им е наредено на 14 Февруари да тргнат се што е симбол на љубовта како: црвените ружи, плишаните мечиња, срцињата, црвената украсна хартија и кутиите за подароци. Сепак, на црно може да се најдат црвени ружи кои баш на тој ден се 6 пати поскапи од редовната цена.

5 земји во кои беше забрането славењето на ВалентајнСлавењето на Св. Валентајн од истите причини е забрането и во Малезија каде 60% од населението е муслиманско. 2009 година 100 луѓе биле дури и уапсени поради тоа што го прославувале овој празник. Во поново време се прават кампањи за да се стави крај на прославувањето и кај немуслиманското население. Така, оваа година била спроведена голема кампања преку делење летоци во универзитетите со цел младите да престанат да го слават денот на вљубените под изговор дека тоа промовира неморални активности.

5 земји во кои беше забрането славењето на Валентајн

И во неколку поранешни подрачја на СССР ставена е забрана за прославување на денот на вљубените. Така, оваа година владата на Узбекистан откажала многу концерти и случувања кои биле закажани за 14 Февруари.

Ова претставува кулминација на кампањата која започнала уште 2006 година кога владата на сите локални весници им забранила публикување на било каков материјал на тема Валентајн.

Нивното објаснување е тоа дека Валентајн претставува закана за националните вредности и е полн со задни цели. Истото објаснување го даваат и властите на една западна руска провинција, Белгород, додавајќи дека тој празник е закана за духовноста и дека ја поттикнува промискуитетноста. Сепак, не е вака во цела Русија. Од средината на 90-тите Русија ги присвои и Valentine’s Day и Helloween, а годинава доиена е информација дека 81% од младите над 18 години го славеле денот на вљубените. Затоа според едно јавно руско гласило руската провинција Белгород е прогласена за “територија без љубов”.


Видете следно

Пазарниот инспекторат предупредува на забраната за работа на сместувачките објекти

Охрид, 4 јуни 2020 (МИА) – Продолжувањето со рестриктивните мерки за спречување на ширењето на епидемијата …