Петров на 24 Анализа: 2021 е година на рестарт на македонската економија, следува петтиот пакет мерки


Петтиот пакет мерки за помош на економијата и граѓаните погодени со кризата е во финална фаза, една мерка е најавена, а ќе се соопшти целиот пакет, ќе зачуваат работни места и ќе овозможи нови работни места и ќе помогне да имаме силен рестарт во 2021 година, истакна потпретседателот на СДСМ Коста Петров во дебатната емисија 24 Анализа на тв24.

Тој додаде дека петтиот пакет како и претходните мерки и буџетот на државата се донесува консултативно, инклузивно со стопански комори, синдикати, економски експерти, предвидувања, а мерките ќе бидат таргетирани како и претходните пакети и овие мерки всушност ќе ни помогнат во рестартирање на македонската економија.

Ние дадовме максимум во испорачување на мерките, кризата започна во март, ние веќе на 19 март го имавме првиот пакет мерки, крајот на март дојде вториот пакет, третиот во мај, крајот на септември беше најавен четвриот пакет и веќе работиме на петтиот пакет, истакна Петров, додавајќи дека е факт дека живееме во светска криза, поголеми економии од нас имаат поголема криза.

Никој не може да даде точна проценка како ќе изгледа економијата утре, но во соработка со коморите, експертите, синдикатите, ќе биде оваа година на подобрување, истакна Петров и се осврна на дел од мерките содржани во пакетите во вкупна вредност од една милијарда евра.

Дел од мерките се директно буџетски, а дел имаат финансиски импликации. Направивме ослободување на кредитна линија, воведовме царинска гаранција од три милиони евра, намалување на царински давачки, ставање во мирување на Законот за извршување, намалување на казнената камата, ослободување од ДДВ за донации, намалување на ДДВ во угостителски услуги, истакна Петров.

Тој меѓу мерките финансирани со буџетски средства, наведе дека само Ковид 1 имаше седум милиони евра, имавме 81,3 милиони евра за поддршка на плати, а беа опфатени преку 46 000 вработени, само во декември годинава, 50 милиони евра евтини кредити, субвенционирање на придонеси за април мај и јуни, 26,8 милиони евра имаше за купувам домашно, финансиска помоша за конкуретност, за социјални ранливи 24 милиони евра, награда за здравствени работници, поддршка за социјално ранливи категории, за производители на грозје седум милиони евра, 1,3 милиони евра за туристичките агенции.

Иако ова се бројки, сепак 120 000 работници се помогнати, тоа се 120.000 семејства, со Ковид 1 се опфатени 737 компании, со Ковид 2 – 639 компании, со Ковид 3 имаме 1 276 апликации, наведе Петров.

Ефектите од мерките се повеќе од очигледни, има огромна разлика од ефектите од вториот, кон третиот квартал минатата економија, како и според перформансите на економијата во последниот квартал во 2020 година, истакна потпретседателот на СДСМ Коста Петров во дебатната емисија 24 Анализа на тв24.


Видете следно

Шахпаска: Наскоро започнува изградба на нова детска градинка во Јосифово, инвестираме во раниот детски развој

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешната посета на Општина Валандово, заедно …