Петстотини педесет и еден корисник ја искористил акцијата за плаќање на сметките за вода на рати и без камата


Скопје, 6 август 2020 (МИА) – ЈП „Водовод и канализација” – Скопје информира дека акцијата за наплата на долговите на рати и без камата за физички и правни лица, која се спроведуваше од 17 јуни до 31 јули 2020 година, ја искористиле 551 корисник и се потпишале исто толку договори.

Од јавното претпријатие наведуваат дека вкупниот износ за кој се склучени договорите за исплата на рати без камата е 36,5 милиони денари.

Апелираат до своите корисници редовно да ги подмируваат своите долгови и разумно и рационално да ја употребуваат водата, да бидат одговорни и да се однесуваат совесно во однос на заштитата на водоснабдителниот и канализацискиот систем.

Див водоводен приклучок и злоупотреба на водоснабдителниот и канализацискиот систем, граѓаните ќе може да пријавуваат на:

– 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;

– 02 3240 300, Дирекција – kontakt@vodovod-skopje.com.mk

– www.vodovod-skopje.com.mk – www.facebook.com/jpvodovod.skopje.


Видете следно

Осуда за повторните закани и омаловажување на Тозија од Агенција за филм

Здружението на новинари на Македонија повторно алармира за непримерниот однос на директорот на Агенција за …