Peugeot со 17% пад на продажбата во Франција


Продажбата на нови автомобили од марката Peugeot во Франција, се намали со 17% во август, соопшти Marketwatch.com.

За првите седум месеци од годината автомобилската компанија извезува 11% помалку продадени автомобили во споредба со истиот период минатата година.

На годишна основа пазарот во Франција се намалил со 6.7%. Францускиот автомобилски сектор го има во предвид падот од 9,8% до рекордно ниски нивоа, споредливи со периодот од крајот на 90-тите години.

За разлика од Peugeot, конкурентите од Renault-Nissan забележуваат раст од 1,7% во август, во однос на истиот месец минатата година.

Од Француската асоцијација на автомобилски производители се надеваат дека падот во продажбата во следните месеци нема да надмине 8%. Експертите дури очекуваат подобрување, макар и во ограничени размери.



Видете следно

Димковски: Со конкретни мерки ги поддржуваме малите производители на традиционални земјоделски производи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска присуствуваше на отворањето на прв „Слоуфуд …