Пиратеријата одлева милиони долари


Постои директна врска помеѓу борбата против пиратеријата и развојот на економијата

Истанбул 17 септември. Просечната стапка на пиратерија во светот изнесува 42%. Во ЕУ 33%, додека во Македонија 66% покажуваат податоците на БСА (Бизнис деловна алијанса). На глобалниот конгрес за борба против фалсификување и пиратерија кој се одржа во Истанбул беше истакнато дека пиратеријата влијае негативно на развојот на националните економии, на пазарот и на потрошувачите.

Конгресот го отвори турскиот премиер Реџеп тајип Ердоган, а на него министерот за трговија и царина Хајати Јазиџи истакна дека заштитата на интелектуалната сопственост е особено важна, бидејќи пиратеријата има негативни импликации не само кон економијата, туку и врз здравјето и безбедноста на потрошувачите. Генералниот секретар на светската царинска организација Кунио Микурија истакна дека фалсификувачите не обрнуваат внимание на правото,деловниот ферплеј и на отворањето на нови работни места.

Според Хуан Хардој директор во Мајкрософт одговорен за антипиратерија и дигитален криминал постои директна врска помеѓу економскиот развој и борбата против пиратеријата.Легализацијата на софтверот придонесува кон отворање на нови работни места, но и до зголемување на приходите од даноци. Со смалување на стапката на пиратерија на светско ниво за 10%, би се зголемиле приходите на глобалната економија за 152 милијарди долари, би се отвориле 500.000 работни места, исто така истакнувајќи дека Мајкрософт со секој заработен долар во една економија, овозможува економијата да создаде дополнителни девет долари. Во средини каде има висок процент на пиратерија, нема создавање на нови вредности, нема иновации, па според тоа ни развој смета тој.

Во Македонија постои тренд на намaлување на стапката на пиратерија, која во моментов е намалена на 66%, но потребна е подобра заштита на интелектуалната сопственост. Пиратеријата е светски проблем, и сите заедно е потребно да се борат за нејзино намалување, беше генералниот впешаток на конгресот во Истанбул. Процентот на пиратеријата не е толку поврзан со економскиот развој на една земја колку со тоа колку се почитуваат законите во една земја.

Пиратскиот софтвер им нанесува штета на сите, на програмерите, дистрибутерите, продавачите и особено на корисниците на софтверот.

Стапките на пиратерија во Светот се следниве:

1.САД – 19%
2.Јапонија – 21%
3.Австрија – 23%
4.Велика Британија – 26%
5.Германија – 26%
6.Канада – 27%
7.Франција – 37%
8.Шпанија – 44%
9.Италија – 48%
10.Бразил – 53%
11.Индија – 63%
12.Русија – 63%
13.Кина – 77%


Видете следно

Калифорнија бара повлекување на вакцината на Модерна

Одделот за јавно здравје во Калифорнија бара да се повлечат вакцините на „Модерна” против коронавирус …