Планирате одмор наредните денови? Детална метео анализа за туристичките центри


Под влијание на висок воздушен притисок и на релативно стабилна, суво и топла воздушна маса од југ, односно од северните предели на Африка времето во текот на оваа недела во тористичките центри низ државава и тоа во Струга, Охрид, Преспа и Дојран времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец, информира метео прогнозерот Славчо Попоски.

Услови за краткотраен локален дожд проследен со грмежи и засилување на ветерот ќе има во четврток а до тогаш само на планините има минимална можност за сосема локален, слаб и краткотраен дожд проследен со ретки грмежи и тоа претежно северозападно од Струшко.

УВ ИНДЕКСОТ ЌЕ ИМА ВИСОКА ДО МНОГУ ВИСОКА ВРЕДНОСТ И ЌЕ ИЗНЕСУВА КОЕФИЦИЕНТ НЕКАДЕ ОД 8 ДО 9 ПА ЗАТОА ВНИМАНИЕ.

Максималните дневни температури на воздухот за Струшко и Охридско за следните денови се некаде помеѓу 28 и 29 степени, во Преспа до околу 28 и во Дојран до околу 34, 35 степени.

Видете следно

Сараево Филм Фестивал и Atlantic Grupa „Сите ние сме од истиот филм“

Сараево Филм Фестивалот и Atlantic Grupa уште еднаш со заеднички сили покажаа дека уметноста на …