Плоштад „Македонија“ доби уште едно паркиралиште за велосипеди


На плоштадот „Македонија“ денеска е поставено уште едно паркиралиште за велосипеди, што е донација од Пивара АД Скопје и од компанијата Кока-Кола.

Станува збор за паркиралишта за велосипеди со модерен дизајн, во облик на препознатливото шише на Кока-Кола, и на нив можат да се паркираат 24 велосипеди.

Ова е една од трите паркиралишта за велосипеди што Пивара АД Скопје ги доделува на Градот Скопје. Преостанатите паркиралишта ќе бидат поставени на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ во близина на зградата на Народната банка на Република Македонија, како и на булевар „Јане Сандански“ кај ТЦ Капитол.

Проектот за поставување на овие паркинзи за велосипеди почна минатата година и досега вакви паркинзи се поставени на повеќе локации низ градот.

Основната цел на овој проект е промоција на физичките, спортските и рекреативните активности, но и грижа за животната средина и намалување на сообраќајниот метеж во градот преку поттикнување на велосипедската култура и промоција на велосипедот како алтернативен транспорт.

Вкупната вредност за реализација на овој проект изнесува  1.264.603 денари.


Видете следно

Реализиран проект на Здружението за младински иницијативи, ЦИК-ЦАК поддржан од општина Крива Паланка

Денеска во просториите на општинската сала Здужението Центар за младински иницијативи ЦИК-ЦАК од Крива Паланка …