По Brexit: Велика Британија ќе плаќа на земјоделците за здрави почви


Владата на Велика Британија го врати прашањето за заштита на почвата, што претставува голем проблем во законот за земјоделство, пишува BBC News..

Според него, властите ветуваат дека ќе ги наградат британските земјоделци кои ја штитат почвата.


Министерството за земјоделство признава дека земјоделците имаат потреба од повеќе стимулации за фаворизирање на земјоделски практики, што ќе ја задржи земјата здрава за идните генерации. Овој чекор е дел од државната политика на земјата и е во спротивност со системот што се користи во Европската унија.

По Brexit, земјоделците нема да бидат платени за сопственост на земјиштето, туку ќе им бидат обезбедени средства за заштита на животната средина и употреба на еколошки практики во земјоделството. Во моментов, почвата содржи три пати повеќе јаглерод од атмосферата.


Овој предлог-закон е еден од најзначајните акти за земјоделците во Англија во последните 70 години, изјави Мине Бетерс, претседател на Националната унија на земјоделци.

Досега, законот е во рана фаза.



Видете следно

ЛАГ Експо 2022 – прв саем за локален развој во државата

На 23 септември, во културниот дом „Ацо Караманов” во Радовиш, се одржа ЛАГ Експо 2022 …