По длабоката рецесија, во третиот квартал нагло порасна норвешкиот бруто домашен производ


Норвешкиот бруто домашен производ (БДП) нагло порасна во третиот квартал, по длабоката рецесија предизвикана од пандемијата на коронавирусот, покажуваат податоците на Централното биро за статистика (ССБ).

Со исклучок на нафтениот и гасниот сектор, економијата порасна за 5,2 проценти во периодот од јули до септември во споредба со претходниот квартал, кога според ревидираните податоци падна за 6,0 проценти.

Променетите податоци за вториот квартал сè уште покажуваат најголем пад откако Заводот за статистика започна да објавува податоци во 1978 година.

Статистичарите посочуваат дека нивото на активност е сè уште пониско отколку во периодот пред пандемијата.

„Во септември, нивото на активност беше сè уште пониско за 2,7 проценти отколку во јануари“, рече ССБ.

Владата затвори широк спектар на јавни и приватни институции во март, воведувајќи ги најсеопфатните ограничувања од Втората светска војна.

„Заради ограничувањата, растот ќе забави во месеците пред нас и невработеноста ќе порасне малку, но новите добри вести за вакцините сепак инспирираат надеж дека нормализацијата на економијата ќе биде побрза отколку што се сметаше порано“, велат аналитичарите на „Нордеа маркетс“ во белешката до клиентите.


Видете следно

Деспотовски во посета на ТИР зоните во Скопје, најавени повисоки плати и нови инвестиции

Поттикнување на нови инвестиции и како да се стимулира растот на платите, беа во фокусот …