По инцидентот во гостиварската гимназија се огласи Таравари: Еве што им порача на МВР и Министерството за образование и наука


Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари вчера одржа прес-конференција во врска со инцидентот што се случи гостиварската гимназија.

“Во историјата на Гостивар, никогаш не се случило партиски војници да влезат во училиште и да тепаат професори. Насилството кон двајца професори од страна на поранешен затвореник, телохранител и возач на Невзат Бејта, и од страна на синот на директорот на училиштето, кој исто така е познат како проблематичен. Тие влегле во училиштето вооружени, а целата ситуација била оркестрирана од страна на директорот на училиштето, кој од сабајле му рекол на еден од истепаните професори – ќе видиш што ќе те снајде. Така и се случи, двајцата професори завршија со сериозни повреди во неврохирургија во Скопје”, објасни градоначалникот Арбен Таравари.

Тој побара од Министерството за образование и наука да му се вратат ингеренциите на градоначалникот, а надлежните органи целосно да го разсветлат случајот и сторителите да бидат соодветно казнети.

“Рековме дека одземањето на надлежностите во образованието ќе носи последици и ете ги гледаме последиците. Бараме од Министерството за образование и наука да ни ги врати овластувањата, да се суспендира директорот на гимназија како сценарист на овој напад, бараме од Министерството за образование да ја информира општината кои чекори се преземени за конкретниот случај. Ние како општина сме формирале комисија која го истражува случајот, зошто дојде од овој насилен инцидент, а од МВР бараме да не ги штити бандитите и да го расветли случајот. Јас сум многу убеден дека ако тој ден, напаѓачите беа активисти на АА, тие ќе беа денес во затвор. Додека двете лица кои ги истепаа професорите, слободно се шетаат и им се закануваат на граѓаните и на другите актвисти на Алијанадата за Албанците”, изјави Таравари

Таравари побара ладнокрвност од сите граѓани нон ваквите провокации. Нагласи дека не сака одмазда, но инсистира на тоа надлежните органи да ја извршуваат својата должност во корист на правдата.

“За жал, државата често инсистирала Албанците да војуваат меѓу себе. Јас нема да дозволам тоа да се случи. Сум поабрал толеранција од страна на сите граѓани и од страна на членовите на АА, да бидат ладнокрвни кон ваквите провокации, со цел надлежните органи да ги решат овие работи”, истакна Таравари.

Тој рече дека би сакал огранокот на ДУИ во Гостивар да го води мериторен човек со кого би можело да се соработува и да се градат заеднички стратегии во корист на граѓаните

Видете следно

Развивање на силна меѓународна соработка за унапредување на трговијата со земјоделски производи

Министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство Љупчо Николовски присуствуваше на собир со министрите за земјоделство …