По тенискиот турнир ТРИГЛАВ ТЕНИС УМАГ 2018


Во Скопје, на 16 мај, 2018г., во спортска и опуштена атмосфера, на тениските терени во комплексот Јане Сандански беше одржан Тенискиот Турнир “Триглав Тенис УМАГ 2018”, во организација и под покровителство на Триглав Осигурување АД, Скопје.

Групацијата Триглав е верен и долгогодишен поддржувач на спортот. Покрај бројните спонзорства кои компанијата ги доделува на ниво на професионалниот спорт, Триглав постојано работи на мотивaција и поттикнува учество во спортски активности меѓу љубителите на спортот.

За таа цел, годинава, во повеќето држави во регионот каде групацијата Триглав е присутна, повторно се организира корпоративниот настан “Триглав Тенис УМАГ 2018”. Под мотото “Да го чуваме здравјето”, во Скопје овој настан се одржа во средата, на 18 мај, на тениските терени во комплексот Јане Сандански.

Учесниците на овој турнир покажаа дека спортувањето и успехот во работата одат рака под рака.

„Како учесник, кој по втор пат е дел од овој тениски турнир, организиран од Триглав, можам да потенцирам дека сум исклучително задоволен од бројот на учесници, кој е видно зголемен во споредба со минатата година, квалитетот на игра, кој што е на повисоко ниво, како и целокупната организација. Навистина се надевам дека одржувањето на овој тениски турнир ќе прерасне во традиција, која што ќе биде потсетник за важноста на спортот во нашиот живот на поединечно, но и на колективно ниво.„ изјави Дејан Димов, извршен директор на Comtrade.

Видете следно

До десет илјади евра неповратни средства за младите земјоделци преку Програмата за рурален развој

Сите млади земјоделци кои имаат до 40 години и  се запишани во Единствениот регистар на …