По трет пат во Македонија „Конференција за 200 Жени Претприемачки“


По трет пат во Македонија се случува настанот „Конференција за 200 Жени Претприемачки“, кој оваа година ќе биде збогатен и со избор на „Нај-жена на годината“.

На конференцијата ќе присуствуваат: жени сопственички на бизнис, жени со неограничени претприемачки идеи, жени кои се менаџери, жени кои се лидери во својата професија (директорки во корпорации, докторки, наставнички, спортистки итн). Но, жени на кои им недостига охрабрување да го направат следниот чекор.

На конференцијата ќе има гости – презентери (претприемачи/чки) од земјава и странство, кои на сликовит начин, со конкретни примери ќе го претстават нивниот пат во претприемаштвото. Презентерите на сите учесници ќе им дадат соодветни насоки и примери како да се биде сè поуспешен во водењето на својот бизнис.

Покрај официјалниот дел на настанот, ќе има многу дружење, вмрежување, ќе се остваруваат нови трајни пријателства, нови контакти и соработници, но ќе се доделуваат и плакети за најдобрите жени.

На конференцијата ќе слушнете како да стигнете до поголем успех во бизнисот, финансиите, маркетингот, спортот и воопшто во животот.


Видете следно

МАКПЕТРОЛ АД ЦЕЛОСНО ГИ ОТСТАПИ КАПАЦИТЕТИТЕ НА ХОТЕЛОТ „МАКПЕТРОЛ“ ВО МАВРОВО ЗА ДРЖАВЕН КАРАНТИН

Соочени со овој голем предизвик за зачувување на здравјето на нашите граѓани од пандемијата со …