Побарана казна заради непочитување на самоизолација во Скопје​


По престој во Австрија, како земја со среден ризик за ширење на коронавирусот COVID-19, обвинетиот на 20 март се вратил во земјава. На граничнот премин Табановце потпишал изјава дека ќе спроведе задолжителна самоизолација во период од 14 дена во станот во кој престојувал во Скопје. Веќе следниот ден, на 21 март, полициски службеници при извршената проверка не го затекнале во домот.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи на лицето да му изрече парична казна од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.


Видете следно

Регистрирани се 15 нови случаи на коронавирус во земјава

Регистрирани се 15 нови случаи на коронавирус во земјава, по градови: Скопје – 4, Куманово …