Почина Љубисав Иванов Ѕинго – првиот претседател на ФФМ и на Социјалистичката партија на Македонија


На 84-годишна возраст, почина првиот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, по осамостојувањето на земјава ФСМ, Љубисав Иванов Ѕинго.

Љубисав Иванов – Ѕинго бил роден на 8 ноември 1936 во с. Трновац, Кратовско. Тој беше македонски политичар, претседател на Социјалистичката партија на Македонија и пратеник во Собранието на Македонија. Пратеник е во Собранието на Република Македонија во сите пратенички состави од осамостојувањето на Република Македонија.

За претседател на СПМ бил избран на Вториот конгрес на СПМ кој се одржал во јули 1995 година и бил реизбран на Третиот, Четвртиот, Петтиот и Шестиот конгрес на СПМ.

Завршил Рударско-геолошки факултет и веќе 40 години е генерален директор на Рударско-геолошкиот комбинат „Силекс“ – Кратово.

Тој бил првиот претседател на Фудбалската Федерација на Македонија по осамостојувањето на Македонија.


Видете следно

Деспотовски во посета на ТИР зоните во Скопје, најавени повисоки плати и нови инвестиции

Поттикнување на нови инвестиции и како да се стимулира растот на платите, беа во фокусот …