Починати 958.514 пациенти од коронавирус во светот


Според последните податоци, вклучително вчерашниот ден во светот со новиот коронавирус се заразени 30.827.639 лица. Од нив починале 958.514 пациенти, а оздравеле 22.440.560 луѓе.

Атина – Во Грција во изминатите 24 часа се регистрирани 240 нови случаи од Ковид-19 и четири смртни случаи, со што бројот на заразени од почетокот на епидемијата се зголеми на 14.978 лица, а почина вкупно 331 лице.

Никозија – Министерството за здравство на Кипар соопшти 15 нови случај на Ковид-19, од 2.891 направени тестови во изминатите 24 часа, со што бројот на заразени од почетокот на епидемијата се зголеми на 1.580 лица.

Тирана – Во Албанија и во последното деноноќие висока бројка на новозаразени со Ковид-19. Од тестирани 836 сомнителни случаи позитивни на вирусот биле 153 од нив. Во исто време битката со опасниот вирус ја добиле 57, додека ја загубиле пет лица во болнички услови. Во двете ковид болници хоспитализирани се 178 лица од нив 13 се на интензивна терапија, додека пет пациенти се интубирани. Од почетокот на пандемијата направени се 78.886 тестови, позитивни на вирусот биле 12.226, оздравеле 6.888, починале 358, додека активни на болеста се 4.980 лица.

Виена – Во Австрија во последните 24 часа регистрирани се 813 новозаразени со коронавирусот и двајца починати. Од почетокот на епидемијата во земјата имало вкупно 37.608 заразени и 765 смртни случаи.

Лондон – Во Велика Британија во последните 24 часа регистрирани се 4.422 новозаразени со коронавирусот и 27 починати. Од почетокот на епидемијата во земјата имало вкупно 390.358 заразени и 41.759 смртни случаи.

Подгорица – Во Црна Гора во последните 24 часа регистрирани се 187 новозаразени со коронавирусот и еден починат. Од почетокот на епидемијата во земјата имало вкупно 7.898 заразени и 134 смртни случаи.

Приштина – Во Косово во последните 24 часа регистрирани се 63 новозаразени со коронавирусот и тројца починати. Од почетокот на епидемијата во земјата имало вкупно 15.002 заразени и 614 смртни случаи.

Белград – Во Србија во последните 24 часа регистрирани се 83 новозаразени со коронавирусот и еден починат. Од почетокот на епидемијата во земјата имало вкупно 32.840 заразени и 740 смртни случаи.

Братислава – Во Словачка во последните 24 часа регистрирани се 290 новозаразени со коронавирусот, но нема починати. Од почетокот на епидемијата во земјата имало вкупно 6.546 заразени и 39 смртни случаи.

Букурешт – Во Романија во последните 24 часа регистрирани се 1.333 новозаразени со коронавирусот и 42 починати. Од почетокот на епидемијата во земјата имало вкупно 111.550 заразени и 4.402 смртни случаи.

Сараево – Во БиХ во последните 24 часа регистрирани се 321 новозаразени со коронавирусот и шест починати.

Будимпешта – Во Унгарија во последните 24 часа регистрирани се 809 новозаразени со коронавирусот и шестмина починати. Од почетокот на епидемијата во земјата имало вкупно 16.920 заразени и 675 смртни случаи.

Љубљана – Во Словенија во последните 24 часа регистрирани се 114 новозаразени со коронавирусот и едно починато лице. Од почетокот на епидемијата во земјата имало вкупно 141 смртен случај.

Загреб – Во Хрватска во последните 24 часа регистрирани се 212 новозаразени со коронавирусот и нема починати. Од почетокот на епидемијата во земјата имало вкупно 14.725 заразени и 244 смртни случаи. јт/

Скопје, 19 септември 2020 (МИА)


Видете следно

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 41.272.150 лица. Од последици …