Почна гласањето на референдум за приклучување кон Русија во четири украински региони под руска контрола


Во украински региони под руска контрола утрово почна гласањето на референдум за приклучување кон Русија, пренесе Бета.

Сепаратистичките власти го најавија референдумот во Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје по контраофанзивата на украинската армија која врати делови од територијата во последните неколку недели.


Гласањата, кои треба да траат до 27 септември, почна утрово во 5.00 часот по Гринич.

Рускиот претседател Владимир Путин прогласи независност на Доњецката Народна Република (ДНР) и Луганската Народна Република (ЛНР) непосредно пред почетокот на офанзивата во Украина. јт/



Видете следно

Еврото и британската фунта ноќеска на ново рекордно ниско ниво во однос на доларот

Еврото во текот на ноќта падна на ново 20-годишно најниско ниво во однос на доларот, …