Breaking News

Почна Рамазан, светиот месец на постот во исламот


Рамазан, светиот исламски месец на постот, започна синоќа, поради што муслиманите ќе се воздржуваат од храна и пиење од изгрејсонце до зајдисонце во следните 30 дена.


Верниците ќе се молат во одредено време за нивно физичко и душевно прочистување, ќе го читаат Куранот и ќе донираат средства во добротворни цели, а членовите на семејството и пријателите ќе се соберат на ноќна трпеза.


Повеќе од 1,8 милијарди муслимани, кои сочинуваат околу една четвртина од светската популација, се очекува да го слават Рамазан. Исламот го следи лунарниот календар, така што Рамазан започнува една и пол недела порано секоја година.

Постот е еден од петте столбови на исламот и е задолжителен за сите муслимани, иако има исклучоци за малите деца и болните и за жените кои се бремени или дојат. Оние кои патуваат се исто така ослободени, вклучително и спортистите кои учествуваат на турнири надвор од нивниот град.


Оние кои постат мора да се воздржуваат од јадење, пиење, пушење од изгрејсонце до зајдисонце. Во текот на целиот свет месец треба да се воздржуваат од псовки, тепачки и озборувања. зш/