Почнаа обуки за советници за работодавачи, се подобрува квалитетот на услугите на центрите за вработување 


Педесетина вработени од 30 центри за вработување ја започнаа првата тридневна обука за новите профили на вработени – советници за работодавачи. Обуките се спроведуваат за да се унапредат професионалните капацитети на вработените, како и советодавни услуги. Целта е на тој начин да се обезбедат нови начини и пристапи во дневната комуникација на вработените со надворешни субјекти.

Новиот профил „Советник за работодавачи“ во центрите за вработување се воведува со цел подобрување на квалитетот на услугите на центрите за вработување и соодветно одговарање на потребите на претпријатијата за вештини/работници и понудените активни мерки за ранливите групи како и на мерките за поддршка на вработувањето на ранливите лица.

Советникот за работодавачи ќе биде одговорен за анализа на пазарот на трудот и процена на потребите за работници на претпријатија, редовна, отворена и продуктивна комуникација и соработка со приватниот сектор на регионално ниво, планирање и советување на заинтересираните правни субјекти, како и  утврдување на потребите за работници и понуда на мерки за пресретнување на потребите.

“Нашата цел е дијалогот да го спуштиме од централно на локално нив, бидејќи секоја општина или регион вистински знае што е потребно во моментот за креирање на политиките за вработување и реашавање на сериозниот проблем со недостиг на квалификувана работна сила. Една од вашите задачите на бизнис советниците ќе биде токму ова советување коешто навистина треба да воспостави квалитетна врска и соработка помеѓу АВРСМ и работодавачите и да одговори на нивните потреби. Минатата година мерките од Оперативниот план ги планиравме заедно со работодавците и истите дадоа успешни резултати. Ваквата пракса продолжува и во изработката на ОП за 2020 година”, изјави министерката Царовска.

Директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска истакна дека многу пати досега е истакнувана важноста на соработката меѓу Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија со бизнис секторот во државата. „Впрочем, и нашата главна улога на пазарот на трудот е успешно да ги поврзуваме понудата и побарувачката на работната сила, односно невработените лица со работодавачите. Неопходно ни е да ги знаеме потребите на работодавачите, нивните планови и предлози, за да можеме навремено да интервенираме во унапредување на нашите услуги. Покрај спроведувањето на годишните активни програми и мерки за вработување, услугата за посредување при вработување треба да ни биде главниот фокус на нашето работење. За таа цел, потребно ни е детално познавање на работодавачите во општините, да воспоставиме взаемен однос на соработка, да бидеме препознаени како партнери кои ќе им помогнат во изнаоѓање на потребната работна сила и пополнување на слободните работни места“, изјави Јовановска.

„ Во партнертство со Министерството за труд и социјална политика и со Агенцијата за вработување веќе неколку години работиме во правец на осовременување и збогатување на услугите на Агенцијата за вработување. Освен отворената и редовна комуникација со приватниот сектор, советниците за работодавачи ќе имаат задача во асистирање на ранливите категории да станат конкурентни на пазарот на трудот.“– истакна Постојаната претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации, Нарине Сахакијан.

„Швајцарија е посветена да ја поддржи Северна Македонија во надминување на актуелниот дисбаланс на пазарот на трудот. Наша цел е постигнување на оваа цел со истовремено таргегирање на понудата и побарувачката на пазарот на трудот.“ – потенцирање Стефано Томажиан, Заменик Амбасадор на Швајцарија.

Проектот се спроведува во рамките на четиригодишениот проект поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка, а имплементиран од УНДП. Проектините активности ќе се фокусираат на развојот на капацитетите на институциите и невладините организации со цел развивање и испорачување услуги за вработување и намалување на социјалната исклученост на младите, Ромите и лицата со попреченост да се вклучат на пазарот на трудот.



Видете следно

Димковски: Со конкретни мерки ги поддржуваме малите производители на традиционални земјоделски производи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска присуствуваше на отворањето на прв „Слоуфуд …