Почнаа првите промени во партијата: Кои ќе бидат новите директори и министри во Владата на Заев?


На денешниот состанок на централниот одбор на СДСМ се очекува „да замете метлата“ на премиерот Заев, со тоа што ќе бидат разрешени директорски места во институциите, но и неколку министри од владата.

Според неофицијални информации Заев ќе разреши пет министри.

– Очекувам одлуките што вечерва ќе ги донесеме да бидат одлуки што ќе овозможат функционална организација и на партијата и на институциите, како и победа над примитивизмот, фашизмот и неписменоста што ги промовира ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 15 години, изјави пред состанокот, потпретседателот на партијата, Петре Шилегов.

На денешната седница на ЦО на СДСМ дојде до промена на претседавачот на Централниот одбор Пеце Мирчески, а на негово место е поставена Соња Карапеч од Битола. Исто така сменет е и генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски. На негово место место се шпекулира дека ќе дојде актуелниот министер за Земјоделство, Љупчи Николовски.

Кои ќе бидат новите директори и министри во Владата на Заев се очекува да видиме во вечерните случувања на состанокот на централниот одбор на СДСМ.


Видете следно

Јоци: Дивоградбите од Скопје си стасаа и во Охрид

Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци вели дека општинарите во Охрид ќе урнат една-две дивоградби во Охрид ради …