Фото:Архива

Почнува јавната дебата за потребата од закон за вонредна состојба


Скопје, 20 февруари 2021 (МИА) – Во организација на Претседателскиот центар за политичко образование денеска во Скопје ќе се одржи конференцијата „Вонредна состојба: научени лекции и идни предизвици”.

Конференцијата претставува почеток на поширока дебата на стручната и општата јавност за потребата од изготвување закон за вонредна состојба, а ќе ја отвори претседателот Стево Пендаровски.

Како што соопшти кабинетот на Пендаровски, обраќања ќе имаат и министерот за правда, Бојан Маричиќ, претседателот на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за политичко образование, Александар Љ. Спасов, поранешната министерка за правда и редовна професорка на Правен факултет „Јустинијан Први”, Рената Дескоска, професорот Светомир Шкариќ, професорката и пратеничка Гордана Силјановска-Давкова, судијката во Врховниот суд и поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права Мирјана Лазарова Трајковска, како и судијката во Уставниот суд на БиХ, поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права и претседателка на Институтот за човекови права, Маргарита Цаца Николовска.

Во вториот дел од конференцијата е предвидена панел дискусија на која ќе зборуваат Трајан Гоцевски, Ненад Марковиќ, Ветон Љатифи, Марјан Ѓуровски, Васко Наумовски, Александар Спасеновски, Беса Арифи, Јeлена Трајковска-Христовска, Јелена Ристиќ, Денис Прешова, Марко Трошановски, Зоран Дранговски, Гоце Коцевски, Лидија Стојкова-Зафировска и Зоран Јовановски.

Настанот ќе се пренесува во живо на Фејсбук страницата и на YouTube каналот на претседателот Пендаровски. мч/ац/


Видете следно

Петров: Градиме партнерства и ја јакнеме соработката помеѓу корпоративниот сектор и стартапите

Фондот за иновации и технолошки развој воведува Програма за корпоративна иновативност која ќе овозможи воспоставување …