Подгответе се за нестабилно време: Што ја очекува Македонија денес?


По она што моментално ова вечер го гледаме на повеќето прогнозистички материјали (карти), денот вторник (15/5) во Македонија би требало да ни донесе доста турбулентен ден. А тоа во пракса значи поголем дел од земјава би можела да биде зафатена со нестабилна атмосферска депресија и дестабилизација која најголем дел од државата би овозможило поројни врнежи и грмежи, како и засилен ветер.

Постои потенцијал од бурни и локално ПОИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси кои би биле застапени и во форма на НЕВРЕМЕ со поинтензивен пороен дожд, силни и чести електрични празнења, силен ветер и град. На оние места каде што би се создале вакви процеси би можело да се истури и значително количество на воден талог за краток временски период. Ете така изгледа вечерва на повеќето наши прогнозистички карти а тоа можете да го видите и на прикажаните фотографи, е сега останува да видиме што ќе ни донесе утрешниот ден на истите метео карти за истиот тој период. Доколку дојде до промена ќе ве известиме навремено.

За утрешниот ден поради големи обврски што ќе ги имам и зафатеност најверојатно нема да бидам активен речиси целиот ден, доколку можам и зграпчам слободно време можеби ќе има тро објава се зависи…….? Имајте убава и пријатна вечер/ноќ 🙂 !

Подготвил: Денис Муховиќ

Видете следно

Фестивалот на европски филм CINEDAYS чиј организатор е Младинскиот културен центар се здоби со големото признание

Фестивалот на европски филм CINEDAYS чиј организатор е Младинскиот културен центар, културна установа на Градот …