Подготвки за претстојниот „Боила куп 2021″ на Осломејско Езеро


Членовите на Спортско-риболовното друштво „Хантер фиш” од Кичево се во интензивни подготовки на Осломејско Езеро за крапскиот Меѓународен риболовен натпревар „Боила куп-2021″ кој ќе се одржи наредниот викенд.

Денеска беа ангажирани три градежни машини во подготвување боксови за натпреварувачите, а се чисти и најголемиот дел од комуналниот отпад кој во близина на езерото го фрлаат неодговорни граѓани.


Слободан Страшеноски, член на „Хантер фиш”, за МИА вели дека од почетокот на овој месец интензивно се подготовуваат за натпреварот „Боила куп-2021″.

– Денес и утре ќе бидат ангажирани три градежни машини за целосно да се уреди крајезерскиот појас и да се подготват боксови за учесниците на купот. Секој од боксовите мора да биде со димензии 8 на 8 или 10 на10 метри и со меѓусебно растојание од еден до друг бокс од околу 50 метри. Со овие услови кои ќе ги понудиме на нашето езеро, се приближуваме и кон највисоките светски стандарди за организирање ваков вид натпревари, рече Страшеноски.

Додаде дека покрај овие зафати, ќе биде покриен и каналот од каде со вода се снабдува и самото езеро. На претстојниот „Боила куп”, рече Страшеноски, се очекува да учествуваат  над 16 екипи од земјава и дел од странство. Секојдневно списокот на пријавени екипи е се поголем и квалитетот на самиот натпревар ќе биде на највисоко ниво. Езерото зимава е порибено со крап и крупни примероци амур. за/хс/

Кичево, 3 април 2021 (МИА) 


Видете следно

Конференција „Информирај се!Твое право, твоја сигурност!”

Црвениот крст на град Скопје и Швајцарскиот Црвен крст денеска ќе одржат онлајн конференција на …